Уште еден ас на Јувентус позитивен на Ковид-19

Даниеле Ругани не е единствениот фудбалер на Јувентус позитивен на Ковид-19 откако вечерва беше обелоденето дека и тестот врз Блес Матуиди е заболен од коронавирус.

По позитивниот тест на Ругани сите фудбалери на „старата дама“ беа ставени во самоизолација, а од тестовите извршени врз нив, позитивен се покажа оној што денеска беше извршен врз Матуиди. Францускиот репрезентативец останува во самоизолација и за неговото здравје ќе се грижат медицински лици, а според првичните информации кај него нема симптоми на болеста, но тој сепак е позитивен на Ковид-19, со можност да го пренесе вирусот врз други лица.

„Фудбалерот Блес Матуиди од 11 март е во самоизолација, а тестот извршен врз него утврди дека нашиот фудбалер е заразен од коронавирус. Можеме да потврдиме дека Матуиди се чувствува добро“, се вели во краткото соопштение на „старата дама“.

Се вчитува...