Уште еден експретседател на Реал Мадрид позитивен на коронавирус

Само неколку дена по трагичната смрт на Лоренцо Санс, од Мадрид стигнува лоша вест за уште еден поранешен претседател на „кралскиот клуб“.

Имено, експретседателот Фернандо Мартин е позитивен на коронавирус и веќе е примен во една од мадридските клиники, каде се вршат дополнителни тестови на неговата состојба. Мартин беше предводник на „кралскиот клуб“ во времетраење од само два месеци во 2006 година, по поднесената оставка. Тој не донесе конкретни одлуки, а главна задача му беше да ги распише изборите во кои потоа победи Рамон Калдерон.

Тој сега има 72 години и се наоѓа во ризичната група, на заболени од коронавирусот, а во таборот на „кралскиот клуб“ изразуваат надеж дека Мартин сепак ќе успее да ја добие оваа најважна битка во животот.

Се вчитува...