Уште еден европеец им се приклучува на Дончиќ и Марјановиќ во Далас

Финскиот кошаркар Лаури Марканен е на мета на Далас Маверикс, пренесуваат американските медиуми. Тој во моментов е ограничен слободен агент, а од неговиот досегашен тим Чикаго Булс веќе му понудија нов договор.

Марканен неодамна изјави дека сака нов почеток во некој друг НБА тим. Тоа значи дека Далас има шанси да го доведе Финецот и да им се приклучи на Дончиќ и Марјановиќ. Се уште не се знае дали Мавс ќе бидат комплетно европски тим, бидејќи непозната е иднината на Кристапс Порзингис кој е незадоволен во Тексас.

Покрај Далас за финскиот центар се заинтересирани и Њу Орлеанс Пеликанс.

Се вчитува...