Уште еден играч на Барселона ќе има откупна клаузула од 1 милијарда

Барселона е блиску да го продолжи договорот со Алекс Балде до 2027 година. Левиот бек и тимот веќе постигнале договор, а „Каталонците“ и на него ќе му вметнат откупна клаузула од 1 милијарда евра, како што тоа беше направено претходно со неколку играчи.

Фудбалерот исто така добил гаранции дека ќе може да се смета на него како играч за првиот тим и дека ќе нема проблеми при регистрирањето, со оглед дека Барселона ќе мора да го намали буџетот за плати за да не се соочи со суспензија од федерацијата.

Балде оваа сезона имаше пет асистенции во 23 меча во Ла Лига.

Претходно Барселона со клаузула од 1 милијарда ги „врза“ Педри, Гави и Ансу Фати.

Се вчитува...