Уште еден легендарен Германец се поврзува со клупата на Србија

Откако стана јасно дека пропадна можноста Јоаким Лев да стане селектор на Србија, сега со клупата на нашиот северен сосед се поврзува и легендарниот Феликс Магат.

Екс тренерот на Баерн Минхен, Ајнтрахт Франкфург, Штутгарт и неколку други клубови, би можел да го замени Драган Стојковиќ-Пикси кој е пред отказ од репрезентацијата.

Јоаким Лев веднаш беше поврзуван со клупата, по елиминацијата на Србија од ЕВРО 2024, но потоа тие беа демантирани од страна на германските медиуми.

Се вчитува...