Уште еден мегатрансфер во НБА: Чикаго до доведе Дерозан

Управаа на Чикаго булс е сериозна во напорите да создаде моќен тим со кој би се вмешале во борбата за шампионска титула во наредните години.

„Биковите“ вечерва договорија уште едно големо засилување, носејќи го Демар Дерозан од редовите на Сан Антонио. Де Розан ќе потпише договор на три години за вкупно 85 милиони долари, а Сан Антонио како дел од размената ќе го добие ветеранот Тед Јанг, плус еден пик од првата рунда во драфтот и два избори во втората рунда од драфтот во наредната година. Дерозан имаше извонредни бројки со Сан Антонио, каде лани бележеше по 21,4 поени и 6,9 асистенции по натпревар.

Трансферот на Дерозан следи само 24 часа откако беше доведен Лонзо Бол од Њу Орланс, во размена за Томас Саторански, Герет Темплс и пик од втората рунда на драфтот.

Исто така, Чикаго потпиша четиригодишен договор со бекот Алекс Карузо, кој пристигна меѓу „биковитте“ од редовите на ЛА Лејкерс.

Се вчитува...