По Далас маверикс и Минесота Тимбервулвс ќе добијат нов сопственик. Ни повеќе ни помалку туку еден од сопствениците на клубот ќе биде прославениот бејзбол играч Алекс Родригез кој го купува тимот од Минеаполис заедно со Марк Лор.
Продажбата беше договорена во 2021 година за една и пол милијарда долари. Родригез е поранешна бејзбол ѕвезда, а по професионалната кариера се посвети на бизнисот, додека Марк Лор долго време плива во овие води, тој е најпознат по менаџирањето на трговскиот синџир „Волмарт“.
Со купувањето на Тимбервулфс, тие исто така се обврзаа да го преземат тимот на Минесота Линкс во ВНБА лигата. Поранешниот мнозински сопственик на двата тима од Минесота беше Глен Тејлор (82).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА