Вулверхемптон остана без тренер, откако се реши да му врачи отказ на Витор Переира по очајниот старт во Премиерлигата, и само два бода од првите 10 кола во најсилното англиско фудбалско натпреварување.
Клубот е на дното на табелата, а поразот од Фулам од 3-0 во саботата беше „капката која ја прели чашата“ кај раководството на „Волците“. Отказот за Переира доаѓа само два месеци по потпишување на нов тригодишен договор со Португалецот, и покрај тоа што тимот имаше четири порази од исто толку натпревари во Премиерлигата.
Переира го спаси клубот од испаѓање минатата сезона. Го презеде тимот од 19-то место во декември 2024 година, и со 10 победи во 22 натпревари, го одведе клубот во безбедна зона.
Тогаш тренерот славеше заедно со навивачите, меѓутоа работите се сменија, па фановите сезонава го загубија трпението и бараа менаџерот да биде сменет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

