Уште еден подвиг на Ливерпул во сезоната за паметење: Единствени во 132 години постоење фудбал во Англија

Со победата од 1-3 на гостувањето против Брајтон во 34. коло од Премиерлигата, Ливерпул стигна до уште еден подвиг во сезоната за паметење.

Откако „црвените“ дури седум кола пред крајот на сезоната си ја осигураа титулата по цели 30 години, станаа и клуб кој најбрзо стигнал до 30 победи во првенството. Ливерпул до тоа успеа по 34 натпревари, во кои освен 30 победи има и по две ремија и порази.

Во 132 години прволигашки фудбал во Англија тоа на ниту една екипа не и успеало во помалку натпревари по сезона.

Се вчитува...