Уште еден поранешен селектор удри по ОФМ – Мојата смена е нивни срам!

Продолжуваат препукувањата во македонската одбојка на релација тренерски кадар/Одбојкарска федерација на Македонија. По промената на селекторот на А-тимот Никола Матијашевиќ и неговото отворено писмо до ОФМ, со свое видување се огласи и тренерот кој работеше со женските репрезентации на Македонија, Ненад Михајловиќ кој исто така беше разрешен од својата фунцкија.

„Уште на почетокот се ми смрдеше. Пред да заминам за Македонија направив план кој ќе им го претставам. Кога стигнав таму и го пртставив планот тие беа изненадени. Не очекуваа дека веднаш ќе бидам подготвен за работа. Нивната идеја беше да доаѓам еднаш месечно и за тоа ми понудија 150 евра. Не бев сигурен дали добро слушнав, а ми беше глупо да прашам, но подоцна повторно ја добив истата понуда. Видов дека претседателот Јовановски не знае кои се релациите. На враќањето дома кога ми рекоа дека сигурно ќе се чуеме, генералниот секретар Карановиќ ми кажа дека ќе ми викне такси до аеродром. Ми викна да, но час и петнаесет минути пред полетувањето. Едвај го фатив авионот. Видоа изгледа дека се избламираа па потоа понудата беше поголема, но ми рекоа дека сам ќе си плаќам автобуска карта и бензин. Се ми беше смешно, но прифатив бидејќи за мене тоа беше голем предизвик. Имав одлични соработници, а девојките даваа максимум на секој тренинг. Отказот дојде на смешен начин, сите им се смееја на луѓето што го ставија на фејсбук. Мојата промена е нивни срам. Пред да дознаам за смената се чув со Јовановски и Карановиќ околу тоа што ми го должеа. Карановиќ ми кажа дека ќе ми уплати пари за ден/два, а Јовановски дека ќе ме бара за час или два да позборуваме што и како понатаму. Се испостави дека тие всушност ми подготвувале отказ кој следеше откако Карановиќ си замина на море. Значи добив отказ преку фејсбук од плажа“, вели Михајловиќ. 

Се вчитува...