Пол Погба би можел да ја заврши својата кратка авантура во Монако, откако францускиот клуб го информирал играчот за намерата да го раскине договорот.
Според францускиот медиум „Нис-Матен“, раководството на Монако веќе започнало преговори со Погба за постигнување финансиски договор за разделба. Една од опциите е клубот да му ја исплати целата плата што му следува според актуелниот договор, кој е со важност до летото 2027 година.
Монако, наводно, сакал да се раздели со францускиот репрезентативец уште на крајот од 2025 година, но Погба тогаш успеал да го убеди раководството да му даде дополнително време за да се врати во натпреварувачки ритам.
Французинот пристигна во Кнежеството во летото 2025 година, но неговиот период во Монако досега е обележан со сериозни проблеми со повредите. Погба одигра само шест натпревари за тимот, додека поголемиот дел од сезоната го помина надвор од терените поради допинг скандалот, и поради честите повреди по неговиот „кам-бек“ на терените во март 2026 година.
Дополнителен удар пристигна и во текот на актуелните подготовки во Англија. Погба заработил нова повреда на тренинг, при што според информациите извикал од болка и паднал на теренот. Набргу потоа ја напуштил тренинг-сесијата со завој околу левата бутина.
Доколку биде постигнат договор за раскин, Погба би можел повторно да го промени клубот, во период кога неговата кариера продолжува да биде сериозно погодена од повреди и недостаток на континуитет.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
