Германија сериозно си ги врати своите шанси во битката за полуфинале на Европското првенство откако во првиот натпревар од втората фаза триумфираше во драматичен натпревар со 26-24 (11-10) против Исланд.
Во уште еден трилер меч кој се одигра денеска, Германците низ крајна неизвесност до победата дојдоа во последните секунди пред се благодарение на двата одбранети пенали во последните две минути на домашниот голман Волф.
И покрај нереализираните пенали Исланѓаните повторно беа во можност и за реми, со оглед на тоа што во последната минута беа само на гол негатива, но Германците со погодокот буквално во последната секунда заокружија на конечни 26-24.
Кнор со шест гола беше најефикасен кај Германија, а Смарасон постигна исто толку голови за Исланѓаните.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА