Уште една пол-позиција за Луис Хамилтон

Луис Хамилтон ја продолжи доминацијата во Ф-1 шампионатот откако стигна до уште една пол-позиција, на денешните квалификации за трката за ГН на Португалија. Актуелниот светски првак долго време се „надмудруваше“ со тимскиот колега Валтери Ботас, Финецот беше на чекор до пол-позицијата, за Хамилтон да го извози перфектно последниот круг од овие квалификации и да стигне до најдобро време.

Ботас на крајот мораше да се задоволи само со втората позиција, пред Ферстапен, Леклер, Перез, Албон…

Денешните квалификации донесоа големо разочарување за Себастијан Фетел, кој беше елиминиран уште во вториот квалификациски циклус, уште еден доказ за очајната сезона на поранешниот светски првак.

Се вчитува...