Уште една селекторска жртва на Светското првенство

Фудбалската федерација на Сенегал официјално објави дека 45-годишниот Пап Чоу повеќе не е селектор на националниот тим, кој беше елиминиран од Светското првенство.

Во шеснаесеттинафиналето на Светското првенство, Сенегал водеше против Белгија со 2-0 се до 86-тата минута. На крајот, Сенегалците примија два гола, по што Белгија победи со 3-2 по продолженијата и обезбеди пласман понатаму.

Чоу беше на чело на сенегалската репрезентација од 2024 година, а во центарот на вниманието дојде на почетокот на годината кога, за време на финалниот натпревар од Африканскиот куп на нации против Мароко, им нареди на своите играчи да го напуштат теренот поради несогласување со неколку судиски одлуки.

По враќањето на теренот, Сенегал ја освои титулата африкански шампион, но потоа Африканската фудбалска конфедерација ја казни сенегалската репрезентација за тој потег и му го додели победничкиот трофеј на Мароко.

Медиумите пренесуваат дека поранешниот француски репрезентативец, 50-годишниот Патрик Виеира кој во текот на својата тренерска кариера ги предводеше Њујорк Сити, Ница, Кристал Палас, Стразбур и Џенова е прв кандидат за наследник на Чоу.

Се вчитува...