Уште една тренерска смена во Калчо-лигата

Денешниот ден донесе нова тренерска смена во италијанската Калчо-лигата, овојпат Удинезе е клубот што се реши за промени на кормилото откако стана јасно дека Коста Руњајиќ нема одговор за огромната резултатска криза на „нероаѕурите“.

Управата на Удинезе пред една седмица му искажа доверба на Руњајиќ и покрај црната серија од пет порази, но оттогаш следеше реми со Парма, па убедлив пораз од 2–5 на домашен терен од Рома, по што на сите им стана јасно дека тренерска смена е неизбежна. Удинезе е без победа на последнит осум средби, а единствената победа во Серија А сезонава ја забележа против Монца на 29 август.

„Фриулијаните“ веднаш го именуваа и неговиот наследник, потпишувајќи договор со Паоло Занети. Младиот стратег се согласи на единствениот услов на управата на Удинезе, договор до крајот на сезонава, со можност за продолжување на соработката доколку тимот обезбеди опстанок во елитното друштво.

За Занети ова е прв тренерски ангажман откако во февруари доби отказ од кормилото на Верона. Тој во дебито на клупата за Удинезе ќе се сретне со Венеција, директен ривал за опстанок во италијанската елита.

Се вчитува...