Уште едно предавство во Италија: Јувентус купува екс играч на Милан

Откако денеска се појави информација дека Ромело Лукаку на крајот може да заврши во Јувентус, иако Интер прифатил да плати за неговите услуги 35 милиони плус 5 милиони како бонуси, сега тимот од Торино се врти кон уште еден играч кој претходно беше во Милано, но во таборот на Милан.

Станува збор за играчот од средниот ред на Барселона, Франк Кеси кој е на излезна врата од „Ноу Камп“. Фудбалерот не добиваше минутажа во шпанскиот тим, и е пред заминување.

Иако за него има интерес и од Милан кој сака да го врати, сепак, тој би можел да замине во Јувентус. „Бјанконерите“ наводно имале први контакти со играчот, кој е отворен за заминување и за менување на клубот. Јувентус сака да го ангажира Кеси како замена за Погба, кој е пред заминување од Торино поради честите повреди, а исто така се очекува да заминат и Вестон МекКени и Артур Мело.

Се вчитува...