Уште ништо не е готово: Министерот за имиграција уште може да го депортира Ѓоковиќ

Државниот обвинител на Австралија, Кристофер Тран по завршеното судење во кое на Новак Ѓоковиќ му е вратена визата за влез во државата истакна дека уште ништо не е готово.

Ѓоковиќ ја победи Владата на Австралија и е пуштен на слобода. Ја доби назад визата, вратен му е пасошот и сите лични документи, а австралиската влада ќе мора да му плати и отштета и судските трошоци.

Но, тука не е крај. Кристофер Тран се заканува дека министерот за имиграција, Алекс Хок го има последните збор и има право да го депортира Ѓоковиќ. Ако тоа го одлучи тогаш ќе му биде забранет влез во Австралија во следните три години.

Австралискиот суд денеска донесе одлука за враќање на визата врз основа на процедурални грешки на австралиската влада. Но, Министерот за имиграција се уште има можност од почеток да ја побара комплетната медицинска документација на Ѓоковиќ и да побара негова депортација од земјата, по сосема друга основа.

 

 

Се вчитува...