Уште седум дена можност за пријава по промотивна цена на „Охрид Трчат 2019“

Рокот за пријавување по промотивна цена за учество на атлетскиот викенд „Охрид Трчат 2019“ кој ќе се одржи на 2 јуни истекува за седум дена, односно на 31 јануари.

Промотивната цена за стартниот пакет за рекреативната трка на 5 километри и тим билдинг трката изнесува 400 денари, а за трката на 10 километри стартниот пакет чини 700 денари.

Асоцијацијата на спортови „Спорт за сите, сите за Спорт“ подготвува многу изненадувања и новини за третото издание кое повторно треба да ги помести границите во нашата земја.

Повеќе информации околу пријавувањето и новостите на Охрид Трчат можете да најдите на официјалната интернет страна (www.ohridtrcat.mk).

Се вчитува...