Уште три НБА ѕвезди во тимот на САД за ЛОИ

И покрај откажувањето на Леброн Џејмс, Ентони Дејвис и Кајри Ирвинг, американскиот тим на претстојните Летни олимписки игри ќе биде навистина силен.

Медиумите во САД пренесуваат дека кошаркарите на Милвоки Бакс, Крис Мидлтон и Џру Холидеј исто така прифатиле да бидат дел од тимот кој ќе го нападне златниот медал на игрите во Токио, а дел од ЛОИ сака да биде и Кевин Лав кој во последно време не е во најдобра форма.

Претходните денови беше потврдено дека во Токио ќе патуваат и Кевин Дурант, Џејмс Харден, Бем Адебајо, Девин Букер, Бредли Бил, Џејсон Тејтум, Демијен Лилард и Дрејмонд Грин.

Се вчитува...