Успешен настап на македонските пливачи на маратонот во Канада

Двајцата македонски пливачи Евгениј Поп Ацев и Александар Илиевски имаа успешен настап на маратонот на езерото Сен Жан во Канада (32 км.), втора трка од маратонската Гран-при серија на ФИНА.

Во конкуренција на 23 маратонци што ја завршија трката, Поп Ацев стигна трет на целта, а Илиевски заврши на 10.место. Во спринтерскиот финиш, Поп Ацев на целта мина со време од 6 часа 19 минути и 30 секунди, со само седум секунди заостанување зад победникот на трката, Гиљермо Бертола од Аргентина (6:19.23) и три секунди зад второпласираниот Филипе Гертин од Канада (6:19.27).

Вториот македонски претставник, Александар Илиевски трката ја заврши со време од 6:34.15. На маратонот во Канада, прв пат во улога на тренер, Илиевски го придружуваше најусшениот макеоднски маратонец, Томи Стефановски кој лани ја заврши долгата пливачка кариера.

Во женска конкуренција, победничка на маратонот во Канада е Италијанската Мартина Грималди (6:45.59)

Следна трка на каледарот во маратонската Гран-при серија на ФИНА е Охридскиот пливачки маратон кој годинава ќе се одржи на 19 август.

Се вчитува...