Успешна „генералка“: Арсенал со рутинска победа над Лацио (видео)

Арсенал славеше со 2-0 над Лацио во последниот контролен натпревар што „топчиите“ го одиграа во пресрет на новата сезона. Унаи Емери експериментираше со составот, во двете полувремиња настапија и дел од помладите фудбалери, но лондонскиот клуб сепак стигна до триумф со погодоците на Рис Нелсон во првиот и на Обамејанг во вториот дел од мечот.

Лацио се прикажа во солидно светло, римскиот клуб создаде неколку одлични шанси, но не успеа да ја затресе мрежата на „топчиите“.

Арсенал во рамките од првото коло од новата сезона наредниот викенд ќе го пречека актуелниот премиерлигашки шампион Манчестер сити.

Се вчитува...