Маврово изминатите седум дена беше центар на „New Generation Development“ каде вкупно 60 млади кошаркари и кошаркарки под водство на 12 домашни тренери ја реализираа првата фаза од проектот за вклучување во националните тимови за играчи под 13 години.
Програмата која се реализира е изготвена од страна на експерти од Турција, а за разлика од претходните години истите беа вклучени во машките и женските категории.
Камперите добија голема помош од турскиот двоец Ибрахим Далоглу и Иргецан Ишик, кои се погрижија младите кошаркари да си заминат дома со уште поголеми вештини, знаења и искуство потребно за нивниот понатамошен кошаркарски развој.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА