Утеха за Е.Пелистер: Хаџиќ најдобар стрелец во младинската ЛШ

Ракометарот на младинскиот тим на Еурофарм Пелистер, Алем Хаџиќ е најдобриот стрелец во сезоната 2024/25 во младинската Лига на шампиони.

Хаџиќ постигна 40 голови во натпреварите со Динамо Букурешт, Киелце, ГОГ и Барселона.

Ова признание за Хаџиќ доаѓа на неговиот 18-ти роденден, и добра увертира пред идната сезона, во која се очекува овој ракометар да игра повеќе за сениорскиот тим на македонскиот првак.

Екипата на Е. Пелистер заврши како четвртопласирана екипа, откако вчера во полуфиналето најпрво беше поразена од ГОГ, а денеска во малото финале загуби и од Барселона.

Се вчитува...