Утрехт ја чека Академија Пандев, Шкупи на можен дуел со Јаблонец, Македонија ЃП со ФЦСБ

Македонските претставници во Лигата на Европа ги дознаа можните противници и во второто квалификациско коло. Академија Пандев доколку го елиминира Зрињски (БиХ) во следната рунда ќе има дуел со холандскиот клуб Утрехт.

Шкупи ако биде подобар од Пјуник (Ерменија) ќе обезбеди двомеч против чешкиот клуб Јаблонец, а Македонија Ѓорче Петров доколку го елиминира Алашкерт, потоа ќе игра против победникот од дуелот меѓу ФЦСБ (поранешна Стеауа) и Милшами.

Се вчитува...