Ужас пред Супербоул: Пијан возач усмрти играч на Индијанополис

Само еден час пред Супербол спектаклот пристигна и тажна вест од Индијанополис. Во сообраќајна несреќа загина 37-годишниот играч на Индијанополис колтс, Едвин Џексон.

На Џексон, кој заедно со уште една личност стоел покрај автомобилот, налетал црн „пик-ап“ и го усмртил на лице место.

View image on Twitter

 Во полицискиот извештај стои дека го усмртил Алекс Гонзалес (36 години) кој бил во алкохолизирана состојба и без возачка дозвола.
„Едвин сите го обожаваа. Беше одлична личност со натпреварувачки дух и вистински работник. Носеше многу радост и смеа во нашиот тим“ – се збогуваше со Едвин и неговиот клуб преку својата официјална интернет страница.

Се вчитува...