Поранешниот член на младинската школа на Ливерпу, а денес стопер на Дерби каунти, Андре Висдом е нападнат со нож, избоден и ограбен пред домот на свој близок роднина во Ливерпул.
Висдом кој е незаменлив дел од одбраната на Дерби, бил во посета на свои роднини кога пред својот автомобил бил нападнат со нож по што поради сериозноста на прободните рани веднаш префрлен во болница.
Од клубот информираа дека нивниот фудбалер бил „жртва на со ништо неиспровоциран напад и грабеж“. Од болницата информираат дека Висдом е во „стабилна состојба“ но ќе биде задржан на болничко лекување.
Висдом, покрај во Ливерпул и во Дерби каунти, во својата кариера по една сезона има настапувано и за Норвич како и за австриски Салцбург.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА