УЖАСНИ СЦЕНИ: Страшната повреда на Коне ја засени рапсодијата на Канада (ВИДЕО)

Канадскиот репрезентативец Исмаел Коне доживеа катастрофална повреда на синоќешниот натпревар против Катар, на кој Канада во 2. коло на СП славеше убедлива победа од 6-0.

Коне доживеа ужасна скршеница по стартот на играчот на Катар во 52. минута од натпреварот во Ванкувер!

Натпреварот беше веднаш прекинат, играчите се држеа за главите по ужасните сцени, а навивачите беа исплашени.


Додека му помагаа, судијата Кристијан Гарај од Чиле се консултираше дополнително и му покажа директен црвен картон на Асим Мадиб.

По десетминутна пауза, Коне беше изнесен од теренот на носилки со овации од трибините.

Десет минути подоцна, неговиот заменик Натан Салиба постигна гол од слободен удар и го прослави држејќи го дресот на Коне високо.

Се вчитува...