Ужасни сцени во Белград: Бошко Ѓуровски колабираше на комеморацијата на Дејан Миловановиќ

Ужасна сцена на стадионот „Рајко Митиќ“ за време на комеморацијата за смртта на Дејан Миловановиќ, легендарниот Бошко Ѓуровски се урна зад говорницата бидејќи му се слоши.

За време на говорот, Ѓуровски побара чаша вода, а кога му ја донесоа и се обиде да се освежи буквално падна на земјата.

Како што пренесуваат српските медиуми се чекаат подетални информации за здравствената состојба на поранешниот селектор на фудбалската репрезентација на Македонија.

За потсетување Миловановиќ почина на 16. септември откако му се слоши на мечот на ветераните на Звездара и ПКБ.

 

 

Се вчитува...