ВАДА повторно ќе ја казнува Русија

Светската анти-допинг агенција изрази разочарување од тоа што Русија не го испочитува крајниот рок и до 31. декември 2018 година не ги предаде примероците  и документите од озлогласената московска лабораторија што беше клучен услов при кревањето на суспензијата на анти-допинг телото од оваа држава.

„Крајно сум разочаран што податоците од руската лабораторија не се доставени до крајниот рок како што беше договорено во септември. Ние постојано работевме за овој термин да биде испочитуван, а се во интерес на чистиот спорт“ – изјави претседателот на ВАДА, Крег Риди.

Комитето за жалби ќе има состанок на 14. јануари и од него ќе произлезе нова препорака до Бордот на ВАДА околу евентуланите нови санкции за Русија.

Од Русија пак велат дека преговараат за нов термин за предавање на спорните документи и податоци.

ВАДА во септември годинава ја укина суспензијата за руската анти-допинг ангенција и беше под жестоки критики на спортската јавност, а особено на експертите од оваа област.

Се вчитува...