Ваел Жалуз од Барселона се сели во Фуксе Берлин

Тунискиот ракометар Ваел Жалуз ја напушта Барселона и следната сезона ќе го носи дресот на германскиот бундеслигаш Фуксе Берлин. Каталонскиот клуб објави дека постигнал согласност со раководството на Фуксе Берлин и со ракометарот за едногодишна позајмица. Тој претстојната сезона 2018/19 ќе се врати во Германија, каде претходно беше дел од Кил.

Жалуз има актуелен договор со Барселона до крајот на сезоната 2020/21. Од редовите на каталонскиот тим ова лето си замина и македонскиот репрезентативец Борко Ристовски, кој во иднина ќе го брани голот на португалската Бенфика.

Се вчитува...