Вајда му дојде на помош на Ѓоковиќ

Новак Ѓоковиќ во текот на минатата седмица ја прекина соработката со Андре Агаси, веднаш потоа и со Радек Штепанек, за денеска да биде обелоденето дека српскиот тенисер повторно крај себе го има Маријан Вајда.

Ѓоковиќ се наоѓа во Марбелја, каде се подготвува за претстојниот мастерс-турнир во Монте Карло, а од денеска на тренинзите му се приклучи и Вајда. Станува збор за тренерот со кого Новак ги имаше најдобрите резултати во текот на својата кариера, па јасно е зошто фановите се презадоволни од видеото објавено денеска, со кое се потврдува обновената соработка меѓу нив двајца.

Засега Ѓоковиќ официјално не потврдил дали станува збор за долгорочна соработка или само за помош во пресрет на Монте Карло, но јасно е дека на српскиот тенисер дефинитивно му е неопходна поддршка и совет од некој што добро го познава.

Се вчитува...