Вајли: Горд сум што сум во тим со овие момци, штета што попуштивме на крај

Американецот Џејкоб Вајли одигра повеќе од квалитетен натпревар во дресот на Македонија на премиерниот дуел во Перм.

Вајли е разочаран од поразот во последните минути на мечот, но е горд што е дел од тимот кој на тој начин парираше на една од најдобрите европски репрезентации.

Влеговме во натпреварот почитувајќи го не преценувајќи го противникот, верувајќи во нашите сили. Одигравме навистина борбено но во клучните моменти не издржавме онака како што треба, промашувајќи неколку клучни шутеви. Во секој случај горд сум навистина што одигравме на еден ваков начин против селекција како Италија. Сето тоа ни дава дополнителен мотив за следните натпревари“ – истакна Вајли по дуелот со Италијанците.

Се вчитува...