Вајли: Одбраната го реши натпреварот

Македонската кошаркарска репрезентација продолжува да се надева на пласман на Европското првенство по дешениот триумф над Италија со 87-78, со што „црвено-жолтите“ стигнаа до првата победа во овие квалификации, благодарение на играта во одбрана која дозволи само 26 поени во второто полувреме.

Еден од најконстантните кошаркари во нашиот состав е натурализираниот Македонец, Џејкоб Вајли кој со своите настапи носи нова доза на енергија. Така беше и на овој меч во кој крилниот центар одговори во вистинските моменти, беше заслужен за неколку „пут-бек“ поени кои направија значајна разлика, а натпреварот го заврши со 13 поени и 7 скока, од кои четири во нападот.

„Одличен одговор во однос на претходниот меч со Италија и двата пораза во Перм. Противникот има одлични шутери, одличен тренер, ги знаевме тие работи, но се вративме во второто полувреме, подобро комунициравме меѓу себе, стагнавме во одбраната и тоа донесе резултат. Македонија има прекрасна група кошаркари кои сакаат да играат заедно и врвен стручен штаб кој одлично ни ги подготвува натпреварите. Сите добро знаеме што треба да правиме на теренот. Не е важно што немавме многу време заедно да тренираме, секој го прави она што му е задача и тоа придонесува за подобрување на атмосферата“ – изјави по мечот Вајли.

Се вчитува...