Вајналдум ја избра Барселона, Баерн остана со празни раце

Барселона излезе како победник од трката по Џини Вајналдум, кој најдоцна до крајот на оваа седмица ќе потпише тригодишен договор со каталонскиот гигант. Вајналдум подолго време се наоѓаше на листата со желби на каталонскиот гигант, но неодамна беше објавено дека претседателот Лапорта ги променил плановите и нема да го ангажира Холанѓанецот.

Сепак, управата на Барса на крајот се премисли, решавајќи да не ја пропушти можноста за ангажман на искусен и квалитетен играч, кој е достапен како слободен фудбалер на пазарот, по истекот на договорот со Ливерпул. Во трката по Вајналдум неодамна се вклучи и Баерн Минхен, но баварскиот гигант не успеа да излезе во преден план.

Агентот на Холанѓанецот денеска имаше завршни разговори со Лапорта, при што беа договорени речиси сите детали за тригодишна соработката и се чека само официјализацијата на трансферот. Вајналдум ќе биде третото засилување на Барса што доаѓа како слободен играч на „Камп Ноу“, по Серхио Агуеро и Ерик Гарсија од Манчестер Сити.

Се вчитува...