Вајналдум наместо во Барса завршува во Серија А

Џиџи Вајналдум претходните две сезони белскаше во дресот на Ливерпул, а тоа привлече внимание од страна на големите клубови. Холанѓанецот беше блиску трансфер во Барселона во летниот трансфер период, но наместо во каталонскиот клуб сега би можел да заврши во Интер.

Интер веќе некое време е во контант со претставниците на 30-годишниот фудбалер од средниот сред и како што пренесуваат италијанските медиуми, тимот од Милано е подготвен да му понуди договор до 2024 година.

Позната е и почетната понуда, која изнесува 15 милиони евра, но најверојатно истата ќе биде експресно одбиена на клубот од „Енфилд“. Како потсетување, Вајналдум во Ливерпул пристигна во 2016 година од редовите на Њукасл, трансфер реден 28 милиони евра.

 

Се вчитува...