Вајналдум: Немаше конкретна понуда од Барселона

Холандскиот интернационалец Џорџинио Вајналдум откри дека интересот на Барселона за него во изминатиов летен преоден рок и не бил така сериозен. Иако медиумите најавуваа негова преселба на „Камп Ноу“ за 20 милиони евра, сепак, конкретна понуда не пристигнала.

„Мислам дека тоа не беше толку сериозно. Ако беше, сигурно ќе читавте многу повеќе или јас веќе ќе бев во Шпанија. Фокусирам сум максимално на Ливерпул и верувам дека по репрезентативната пауза ќе бидеме многу подобри. Добивме голема шлаканица од Астон Вила“, изјави фудбалерот за врска на Ливерпул.

Тој ќе мора за место во средниот ред да се бори со капитенот Џордан Хендерсон, новото засилување Тијаго Алкантара, Фабињо и со Наби Кеита.

Се вчитува...