Вајс: Ова е меч за историја, ќе сториме се за радост против Македонија

ЕКИПА во Тбилиси,

Владимир Булатовиќ

Македонските фудбалери се максимално мотивирани за утрешната пресметка со Грузија, но истото се однесува и за домашната селекција, за која влогот е идентичен како и за нашиот национален тим – историски прв пласман на еден европски шампионат. Селекторот Владимир Вајс е оптимист дека неговите избраници ќе најдат начин да стигнат до победата и да остварат историски успех за својта земја.

Утре е најголемиот меч во историјата на грузискиот фудбал, најважниот натпревар во кариерите на оваа генерација фудбалери. Се надевам дека ќе заврши како што очекуваме, дека ќе славиме, ќе го израдуваме грузискиот народ и на тој начин ќе ја заокружиме добрата работа во изминатите пет години. Свесни сме дека и Македонците се подготвуваат на сличен начин, овој дуел нема да биде само тактичко надмудрување, ќе преовладуваат емоции на двете страни, борба за секоја топка. Мораме да одиграме на високо ниво во нападот, да постигнеме гол повеќе од Македонците“, истакна Вајс на денешната прес-конференција.

Грузија ќе бидe сериозно ослабена бидејќи поради Covid-19 во тимот ќе го нема најдобриот фудбалер на оваа земја,  Квича Кварачкелија, а од иста причина Вајс нема да може да смета ниту на Леван Шенгелија.

„Искрено, многу ми е жал за Кварачкелија и за Шенгелија, но имаме други квалитетни играчи кои ќе ги заземат нивните места и ќе ни помогнат да победима на утрешниот натпревар“, порача Вајс.

Се вчитува...