Има надеж за опстанок на Валенсија. Тимот избега од последното место на табелата, со вечерашната победа над Реал Сосиедад со 1-0. Столе Димитриевски не беше на голот на домашниот тим, и остана на клупата.
Херој на „лилјаците“ е Уго Дуро, кој што успеа да го постигне единствениот гол на средбата во 26. минута.
Валенсија дојде до третата победа во првенството, и 16 бодови, еден помалку од Ваљадолид кој е на последното место. Сега тимот на Димитриевски е на четири бодови од опасната зона во Шпанија и мора да продолжи да освојува бодови, ако сака да го обезбеди опстанокот.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА