Валенсија без пола тим во осминафиналето од ЛШ

Валенсија ќе биде сериозно ослабена за утрешниот дуел од осминафиналето во ЛШ против Аталанта, откако беше обелоденето дека половина од стандардните првотимци нема да можат да му бидат на располагање на тренерот Селадес.

Главниот дефанзивец Езекиел Гарај неодамна заработи тешка повреда, а згора на тоа на последниот дуел се повреди и Габриел Паулиста, па Селадес ќе мора да експериментира и да прави целосен „ремонт“ во одбранбената линија. Алесандро Флоренци, кој минатиот месец пристигна од Рома, поради болест нема да се врати назад во Италија, а меѓу повредените се десниот бек Пичини, потоа главниот напаѓач Родриго, како и Кокелан и Валјехо.

Единствена добра вест за „лилјаците“ е што првиот голман Силесен конечно се рехабилитираше од повредата поради која беше „во аут“ уште од 7 декември, па ќе се појави на голот на Валенсија на утрешниот дуел на „Сан Сиро“ во Милано.

 

Се вчитува...