Валенсија имаше два гола предност, но освои само бод на „Камп Ноу“

Барселона и Валенсија одиграа 2-2 на „Камп Ноу“ во дерби натпреварот од 22.коло на Ла Лига. Гостите имаа предност од два гола во првиот дел, но на крајот освоија само бод. Кевин Гамеиро најави изненадување, а Дани Парехо од пенал зголеми на 0-2. Лионел Меси исто така од пенал, намали во 39.минута.

Во вториот дел, аргентинскиот ас во 64.минута со одличен удар од далечина израмни на 2-2.

Барселона има 50 бода на врвот на табелата, шест повеќе од Атлетико Мадрид, кој има одиграно еден меч помалку.

Се вчитува...