Валенсија избра клупска легенда за наследник на Гатузо

Долгогодишниот фудбалер на Валенсија, Рубен Бараха, ја доби одговорната задача да биде нов шеф на стручниот штаб на овој шпански прволигаш по заминувањето на Џенаро Гатузо.

Валенсија се мачи сезонава на резултатски план и моментно се наоѓа на 18. место, пласман што значи и преселба во понизок ранг на натпреварување. „Лилјаците“ по разделбата од Гатузо разговараа со неколку стратези, за на крајот изборот да падне токму врз Бараха, играчката легенда на клубот кој во периодот од 2000 до 2010 година со успех ги бранеше боите на Валенсија, освојувајќи и неколку трофеи со оваа екипа.

За Бараха ова ќе биде нов тренерски ангажман откако во минатото работеше во Сарагоса, Тенерифе, Спортинх Хихон, Рајо Валјекано и во Елче.

Тој за свој помошник во стручниот штаб ќе го доведе и Карлос Маркена, уште еден истакнат фудбалер од таа успешна генерција на Валенсија.

Се вчитува...