Валенсија ја пријави Шпанската федерација на УЕФА, не го прифаќа срамниот план…

Валенсија одлучи да ја пријави Шпанската фудбалска федерација на УЕФА. Шпанската куќа на фудбалот предизвика бес кај неколку клубови, меѓу кои и Валенсија, откако предложи во случај на прекин на сезоната местата во европските натпреварувања да се доделат според пласманот пред прекинот на сезоната.

Токму поради тоа од Валенсија го пријавија случајот во УЕФА, а истото го најавува и Атлетико Мадрид, кој во моментов не е на ниту едно од првите четири места, па следната сезона би требало да игра Лига Европа. Во Лигата на шампионите би играле Барселона, Реал Мадрид, Севилја и Реал Сосиедад, а во Лигата на Европа треба да играат Гетафе, Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао како финалист во кралскиот Куп.

Многумина се изненадени зошто Шпанската федерација се одлучи на ваков чекор, ако се знае дека УЕФА категорично забрани националните лиги да ги прекинуваат првенствата. Секако, ова е засега само предлог на Шпанците, но јасно е дека предизвика силен бес меѓу клубовите.

Се вчитува...