Фудбалерите на Валенсија на 10. март на „Месталја“ ќе го одиграат реванш натпреварот од осминафиналето во Лигата на шампионите против италијанската Аталанта. Аталанта на првиот натпревар кој се играше на „Сан Сиро“ победи со убедливи 4-1 и веќе со една нога се патници меѓу најдобрите осум во Европа.
Иако натпреварот се игра за две седмици отсега повеќе од извесно е дека навивачите на Аталанта ќе имаат забрана за влез на стадионот на Валенсија. Тие ќе добијат забрана за доаѓање во шанскиот град поради коронавирусот. На тој начин властите во Валенсија сакаат да спречат било каков ризик за проширување на опасниот вирус кој ја демне цела Европа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА