Валенсија со триумф над Химки остана во игра за плејоф (ФОТО)

Кошаркарите на Валенсија стигнаа до 16. победа во најсилното кошаркарско натпреварување во Европа откако славеа на гостувањето против Химки со 68-77. Шпанскиот состав го контролираше дуелот од почетокот до крајот и сосема заслужено стигна до победата која го остава во игра за место меѓу најдобрите осум екипи во натпреварувањето.

Џордан Мики беше лидер на рускиот состав со 20 поени и 7 скока, додека него го следеше Сергеј Карашев со 16 поени. Кај гостинскиот состав Дерик Вилијамс натпреварот го заврши со 18 поени и 4 скока, додека Тоби беше на чекор до дабл-дабл учинок со 12 поени и 9 скока.

Се вчитува...