Валенсија тоне кон второлигашки фудбал

Севилја му го нанесе 16. пораз на Валенсија во шпанското првенство откако во 29. коло славеше на гостински терен со 0-2.

До победа гостите ги предводеа Баде со гол во 55. минута и Сусо кој ја затресе мрежата во 75. минута, а на домаќините не и помогна ниту црвениот картон на Мориба во 84. минута.

Со денешните три бода Севилја се искачи на средината на табелата, додека Валенсија останува во зоната која води во второлигашки фудбал со 27 освоени бода, три помалку од 17. пласираната Алмерија.

Се вчитува...