Валенсија загуби од Алмерија и сега е фаворит за испаѓање од Ла лига

Валенсија продолжува да тоне и до крајот на шампионатот ќе има тешка задача да обезбеди опстанок откако денеска во директниот дуел загуби на гостувањето кај Алмерија со 2-1 во натпревар од 28. коло во шпанската Ла лига.

Домаќините до водство од 1-0 стигнаа со голот на Мелеро во 49. минута. Во 58. минута веќе беше 2-0 за Алмерија. Гостите од Валенсија само две минути подоцна успеаја да намалат на 2-1 преку Кастилјехо но тоа беше се од нив.

 

Се вчитува...