Валтер Ѕенга е нов тренер на Кротоне

Легендата на италијанскиот фудбал Валтер Ѕенга е нов тренер на Кротоне, пренесуваат италијанските медиуми.

Пред само неколку дена Кротоне остана без тренер по оставката на Давиде Никола, за да одлуката околу новиот стратег падне на Валтер Ѕенга. Поранешниот голман на Интер и Сампдорија последниот тренерски ангажман го имаше во англиски Вулверхемптон. Претходно во Серија А ги водеше Катанија, Палермо и Сампдорија а беше тренер и на белградска Црвена Звезда.

Кротоне по 15 кола се наоѓа на 16. место во Серија А, со само два бода делба од зоната за испаѓање.

Се вчитува...