Валтер Ѕенга, нов тренер на Калјари

Валтер Ѕенга е нов шеф на стручниот штаб на Калјари, откако управата на клубот од Сардинија го избра токму поранешниот голман за предводник на тимот по заминувањето на Роландо Маран. Калјари имаше старт од соништата, извесно време беше и третопласиран на табелата, но потоа следеше долга серија од дури 11 натпревари без победа.

Маран вчера доби отказ, а потрагата по нов стратег заврши експресно, откако беа договорни условите со Ѕенга. Овој 59-годишен стручњак веќе пристигна во тренинг-комплексот, а утре ќе го води и првиот тренинг со новата екипа. Негов последен ангажман беше со третолигашот Венеција, а по завршувањето на играчката кариера Ѕенга ги водеше и екипите на Национал, Стеауа, Црвена Звезда, Газиантеп, Динамо Букурешт, Катанија, Палермо, Ал Наср, Ал Џазира, Сампдорија, Вулверхемптон и Кротоне.

Калјари во моментов се наоѓа на 11. место на табелата со вкупно 32 бода. Ѕенга ќе дебитира на клупата на новиот клуб на гостувањето против СПАЛ.

Се вчитува...