Валверде: Ја научивме лекцијата од Рим, нема опуштање во ЛШ

Барселона е фаворит на вечерашното гостување во Лион, но тренерот Ернесто Валверде уште еднаш им порача на своите фудбалери дека никако не смеат да го потценат противникот, потсетувајќи ги на ланскиот пораз од 3-0 од Рома што значеше и елиминација на Барса од елитното европско натпреварување.

„Ја научивме лекцијата од Рим, знаеме дека не смееме да се опуштиме во ниту еден момент од натпреварот. Од почеток до крај мораме да играме на врвно ниво, тоа е единствениот начин на кој се победува во ЛШ. И кога игравме со Рома сите ни велеа дека противникот е лесен, дека предноста од првиот меч е огромна, што придонесе да дојде до мала релаксираност што скапо ја плативме. Овојпат сме максимално мотивирани, едвај чекаме да почне натпреварот“– истакна Валверде во пресрет на вечерашниот дуел.

Единствената дилема на стратегот на Барса е дали крај Меси и Суарез шанса да добие Кутињо или Дембеле, но предност во оваа трка му се дава на францускиот интернационалец, пред се поради слабата форма на Бразилецот во последните неколку месеци.

Се вчитува...