Валверде може да добие драстична казна

Нападот на Федерико Валварде врз фудбалерот на Вилјареал, Алехандро Баена може да му донесе драстична казна проследна со супензија од 12 натпревари, пренесуваат шпанските медиуми.

Уругваецот наводно бил навредуван од Шпанецот за време на натпреварот, односно за нероденото дете што резултираше со физички напад по крајот на средбата. Баена истиот го пријави во полиција, а и раководството на Ла Лига дополнително ќе го истражува случаот.

Баена ги негираше тврдењата на Валверде, но во шпанската јавност продолжуваат дебатите за инцидентот. Многумина застанаа на страната на Уругваецот велејќи дека границата на толерантност била надмината.

Се вчитува...